Музичката дива Бијонсе се породи. Таа и Џеј Зи им посакаа добредојде на овој свет на близначиња.

Среќната вест ја потврди извор близок на парот за реномираното списание People. „Бијонсе и Џеј Зи се многу возбудени и веќе започнаа да ја споделуваат веста со семејството и најблиските пријатели – изјавил изворот.

Славните музичари сè уште го немаат потврдено полот на близначињата. Тие заедно имаат уште едно дете – петгодишната ќеркичка Блу Ајви.

СПОДЕЛИ