Легендарниот бренд Giorgio Armani и по 40 годишната работа, успева своите јасни и елегантни линии да ги направи атрактивни и посакувани.

Дизајнерот уште еднаш го покажа својот заштитен и препознатлив стил со Resort колекцијата за 2018 година.

Разиграни фустани и силните бои ја прават оваа колекција софистицирана, модерна и носива како за ден така и за ноќ. Ментол зелената, впечатливата циклама, сивата и темно сината, се бои кои се присутни во колекцијата. Од материјали присутни се шифонот, свилата, органдинот и монистри.

СПОДЕЛИ