Вчеравечер беше отворено 15-тото издание на Моден викенд-Скопје во салонот на Порше Македонија.

Првата ревија со која започна ова јубилејно издание беше на веќе докажаната модна дизајнерка Јована Филиповиќ во соработка со „Пелистерка“. Водата – како инспирација за колекцијата на Филиповиќ  е истовремено и најпрепознатливиот производ на компанијата.

Колекцијата е исполнета со нежни и елеганти креации кои истовремено се минималистички, она по што Јована е всушност и препознатлива. Покрај доминантната бела боја, која беше надополнета со златни и металик елементи, застапени се светлосината, кремаста, пудра-розова и темносина боја.

 

СПОДЕЛИ