Кога Доналд Трамп беше избран за претседател на САД, беше објавено дека Меланија и Барон нема веднаш да се преселат во Белата куќа. Првата дама продолжи да живее во Њујорк до крајот на учебната година, за Барон да заврши петто одделение.

Вчера и официјално Меланија и 11-годишниот Барон се преселија во Вашингтон.

Славното трио беше фотографирано додека слегуваше од авион и на тревникот на Белата куќа. Меланија носеше бела маичка од Dolce & Gabbana, панталони од Bally и чанта Hermes Birkin.

СПОДЕЛИ