Тејлор Свифт минатата година ја предводеше армијата со најплатени славни личности според Forbes. Оваа година таа чест му припадна на Шон Комбс, познат под сценското име Пи Диди.

Од јуни 2016 до јуни 2017 година, 47-годишниот музичар го зголеми своето богатство за околу 130 милиони долари. Сето тоа се должи на неговата турнеја Bad Boy Family Reunion, партнерството со компанијата за производство на вотка Ciroc и продажбата на една третина од неговата модна линија Sean John. Веднаш зад него застана Бијонсе со вкупна заработка од 105 милиони долари, а авторката на книгите „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, го доби третото место со 95 милиони долари.

Раперот Дрејк заработи 94 милиони долари и сега стои на четвртото место, а петтото место е резервирано за фудбалерот Кристијано Роналдо, поради заработката од 93 милиони долари.

СПОДЕЛИ