На првата вечер од Модниот викенд Скопје имавме чест по втор пат да ја видиме диајнерката Силвија Михајловска.

Нејзината претходна колекција беше инспирирана од Јапонија, додека пак овој пат можевме за момент да одпатуваме до Африка и да ги видиме креациите инспирирани од Карен Бликсен, ликот што Мерил Стрип го глуми во филмот Out of Africa, 1985, во кој костимографката Милена Канонеро дава печат на колонијална Африка.

Она што ни остави впечаток кај моделите беа доминантните голи раменици, лелеави кошули, појаси и корсети, раскршени форми, асиметрични преклопи, долги впечатливи ракави и панатони со висока половина.

За ревијата можевме да слушнеме и специјално подготвен DJ сет на Теа Шалдева.

СПОДЕЛИ