На Модниот викенд во Скопје имавме чест повторно да ја видиме нашата веќе докажана дизајнерката Ирина Тошева.

И оваа сезона Тошева повторно играше со боите и шарите во колекцијата наменета за пролет-лето 2017. Таа најави дека колекцијата има за цел да ја подигне јавната свест за актуелно насушната потреба за грижа кон животната средина и покажување поголема љубов кон природата, што во случајов значеше употреба на еколошки и органски материјали. Освен одличните модили кои таа ги представи, Тошева искористи накит во вид на минијатурни пејсажи од природата, дело на Александар Пешевски кој креира накит под брендот Mighty Jewelry.

СПОДЕЛИ