Сензуално, меко и среќно,
Amour by KENZO е инспирација на дневник за љубовта. Со сензуалните женствени линии, колоритната амбалажа е покана за внимание.
Романтично ароматично патување во Азија, парфемот кои се отвара со нежните привлечни ноти на Франгипани, кои поседуваат фина бадемова нота, но далечниот исток не би бил замислив без јапонските цреши во цвет.
Од Јапонија патувањето продолжува во Кина,во срцето на оваа композиција е кинескиот бел чај, потоа следува тајланскиот ориз кој дава млечна арома.
Базната композиција е прекрасна која ги уклучува дрвенести, балзамични, мошусни ноти и ванила.
Дизајнот на амбалажата исто така вреди да се спомне. Три амбалажи, три различни бои, еден исти мирис, на крај сето тоа спакувано во бела амбалажа со шарена птица која ја симболизира стравствената љубов и слободата кон патувањето.