Парфемот е создаден во 1993год., а неговата композиција ја потпишува Jacques Cavallier.
Classique е тоалетна вода која и оддава почит на жената со неговиот уникатен цветен ориентален мирис, кој доаѓа во сензуално заоблено шише во форма на женско тело во корсет.
Мирис кој ветува задоволство. Мирис кој буди чуство и тоа не само во нас, туку и во луѓето околу нас. Мирис по кој дури со затворени очи ке ве препознаат. Classique се произведува во концентрација од тоалетна вода и парфимирана. Меѓу себе се разликуваат по мал состав на нотите
- Топ ноти: (роза, портокал, круша, цвет од портокал, бергамот)
- Средишни ноти: (ирис, орхидеја, слива, ѓумбир, цвет од портокал)
- Базни ноти: (килибар,мошус, ванила, цимет, сандалово дрво, )